Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Повик за обука во програма за микроквалификација на тема „Управување и надзор во безбедносниот сектор“

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип преку Центарот за доживотно учење објави повик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип преку Центарот за доживотно учење објави повик за учество на обука во програма за микроквалификација на тема: „Управување и надзор во безбедносниот сектор“.

Организаторот  соопшти дека програмата е конципирана и структурирана како интердисциплинарна, десетдневна обука со цел да обезбеди продлабочено разбирање на демократското управување, реформата и надзорот на разузнавачко-безбедносниот сектор, во согласност со принципите на владеење на правото, човековите права и транспарентноста.

-Програмата е во согласност со Препораката на Советот на ЕУ од 16 јуни 2022 година за европски пристап кон микрокреденцијали (2022/C 243/02). Оваа програмата е развиена со поддршка на ДЦАФ-Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор и во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, претставници на граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да одговори на реалните потреби за зајакнување на демократскиот надзор и јавната отчетност во безбедносниот сектор. Оваа активност е дел од Програмата за реформи на разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија (2021-2026) имплементирана од ДЦАФ и поддржана од Швајцарија, Шведска и Холандија, се наведува во повикот за аплицирање со рок 15 септември 2026.

Реклама

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) на електронската адреса: [email protected], заедно со пријава која е достапна во објавениот повик.

Целта на програмата е да ги зајакне знаењата и практичните вештини на учесниците за: разбирање на структурата и функционирањето на безбедносниот сектор; анализа на безбедносните политики и законодавство; следење и известување за реформските процеси и за  активно учество во демократскиот граѓански надзор и јавниот дискурс.

Повикот е наменет за претставници на граѓански организации; новинари и медиумски работници (вклучително и млади и аспиративни новинари);  истражувачи и претставници на тинк-тенк организации; студенти од прв, втор и трет циклус на студии на новинарство. Програмата комбинира теоретско знаење со практична примена, со фокус на развој на аналитички, истражувачки и комуникациски вештини.

-Програмата е структурирана во релеватни тематски модули, меѓу кои: безбедносен сектор и реформски процеси; демократски надзор и улогата на граѓанското општество и медиумите; човекови права и национална безбедност; приватност и заштита на лични податоци; родова перспектива и агендата „Жени, мир и безбедност“; интегритет и антикорупција; сајбер-безбедност и дигитална трансформација; пристапите на НАТО и ЕУ во реформата на безбедносниот сектор; постлегислативна контрола на безбедносни закони и политики, се наведува во објавениот повик. 

Наставата се реализира преку интерактивни предавања, студии на случај, практични вежби и симулации, работа во групи и дискусии. Програмата ќе ја реализираат професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и експерти од практиката, вклучително и етаблирани новинари и претставници на граѓански организации.

Програмата ќе почне на 16 септември 2026 и ќе се реализира еднаш неделно, во период од 16 септември до 18 ноември 2026, во Тренинг-центарот на Правниот факултет на УГД-Штип и бесплатна за учесниците. По успешно завршување на обуката учесниците ќе добијат сертификат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.