Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Повеќе берберски овци угинаа во ЗOO Скопје, причината најверојатно е труење

Нов случај на угинати животни во скопската Зоолошка градина… Минатата недела, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов случај на угинати животни во скопската Зоолошка градина… Минатата недела, во вторникот, биле пронајдени неколку угинати берберски овци.

Од ЗОО Скопје информираат дека во живеалиштето на берберските овци при редовна утринска контрола биле пронајдени угинатите животни, кои немале видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест.

Од Зоолошката велат дека веднаш биле повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направиле целосен увид на лице место и ја отпочнале постапката за обдукција на угинатите животни.

Реклама

Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и резултатите од обдукцијата, но сомнежот е дека станува збор за труење од гранки од растението тиса, кое може да биде отровно за животните, информираат од Зоолошка Скопје.

Во изминатите над три години во скопската Зоолошка градина угинаа жирафите, лав, тигрицата, пингвин, имаше кланца со расните коњи, а еутанизирана беше и слоницата Дуња.