Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски на средба со претседателот на Заедничката комисија за прашања на ЕУ во ирскиот Парламент

Делегација на собраниската Комисија за европски прашања предводена од потпретседателот на Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на собраниската Комисија за европски прашања предводена од потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата Антонијо Милошоски во Тирана каде учествува на Интерпарламентарна конференција, се сретна со собраниската делегација на Ирска предводена од Бери Ворд, претседател на Заедничката комисија за прашања на Европската Унија при ирскиот Парламент.

Собраниската прес-служба соопшти дека била потврдена силната и континуирана поддршка од Ирска за европската перспектива на земјава и за напредокот кон полноправно членство во Европската Унија.

– Во разговорот беше истакнато значењето на примената на јасни, објективни и мерливи критериуми во процесот на пристапување, при што фокусот треба да биде ставен на исполнувањето на Копенхашките критериуми, спроведувањето на неопходните реформи и постигнатите резултати од секоја земја кандидатка. Беше нагласено дека пристапниот процес треба да се темели на мериторен принцип, односно напредокот да зависи од индивидуалните постигнувања и исполнувањето на преземените обврски. Во тој контекст, беше истакнато дека билатералните прашања не треба да го определуваат или попречуваат европскиот интегративен процес, туку дека клучен фокус треба да останат европските стандарди, реформите и исполнувањето на критериумите за членство, се наведува во соопштението.

Реклама

Особено била поздравена поддршката од Ирска во периодот на нејзиното тековно претседавање со Советот на Европската Унија, како важен придонес кон одржувањето на кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги процес на проширување.

Соговорниците ја истакнале и важноста од продолжување на парламентарната соработка и размената на искуства, особено во делот на европските интеграции, реформските процеси и јакнењето на парламентарниот надзор врз исполнувањето на европските стандарди.