Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Потпишан договор за реконструкција на кровот на градинката „7 Септември“ во Пехчево

Во просториите на Општина Пехчево денеска беше потпишан договор за заедничка реализација на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност на јавни објекти и користење на обновливи извори на енергија (подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“. Договорот го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, и директорот на Источниот плански регион, Трајче Здравков. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Општина Пехчево денеска беше потпишан договор за заедничка реализација на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност на јавни објекти и користење на обновливи извори на енергија (подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“.

Договорот го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, и директорот на Источниот плански регион, Трајче Здравков.

Во рамки на проектот, кој е финансиран од Бирото за регионален развој и Општина Пехчево, ќе се реализира активноста „Реконструкција на кров на ОЈУДГ ‘7 Септември – Пехчево’“.

Реклама

Со реализацијата на оваа инвестиција целосно ќе биде реконструиран кровот на детската градинка, со што значително ќе се подобрат условите за престој и работа, обезбедувајќи побезбедна и поквалитетна средина за децата и вработените.

Градоначалникот Китански истакна дека станува збор за важен проект кој директно влијае врз квалитетот на предучилишното образование и условите во кои престојуваат најмладите.

„Како локална самоуправа остануваме целосно посветени на создавање подобри услови за нашите најмлади сограѓани. Инвестициите во детската и образовната инфраструктура се наш приоритет, бидејќи преку нив вложуваме во иднината на општината. Со реконструкцијата на кровот на градинката ‘7 Септември’ ќе обезбедиме побезбедни, поефикасни и поквалитетни услови за престој на децата и работа на вработените – изјави Китански.

Од Општина Пехчево информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на проекти насочени кон унапредување на образовната инфраструктура, со цел подигнување на квалитетот на услугите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.