Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Посвежото време конечно носи надеж дека најлошото со пожарите веќе е зад нас

Ќе му кажеме ли збогум на летото? По високите темпертури и сушниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе му кажеме ли збогум на летото? По високите темпертури и сушниот период, временската состојба во Македонија конечно почнува да се менува. Најавено е посвежо време за наредните денови кое би можело да донесе олеснување на состојбата со пожарите. Во последното деноноќие се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет и натаму се активни, пет се под контрола, а два се изгаснати. Се уште се активни жаритштата кај Македонски Брод, Алданци – во Крушево, Гостиварско, Општина Старо Нагоричане и во околината на Општина Новаци. Надлежните служби и понатаму се на терен и активно ја следат состојбата. Од УХМР најавуваат дека температурите ќе се движат од минимални 19 до максимални 32 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, проследено со врнежи, а во одредени делови ќе има и невреме со грмежи, ветер и пороен дожд со количина над 15 литри метар квадратен.

„Во западните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни, на некои места ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен дожд и ќе бидат проследени со грмежи и повремено засилен ветер. Најниски температури очекуваме во текот на утрешниот ден и во првиот ден од новата работна седмица, по тоа тие ќе бидат во постепен пораст, но овие температури нема да го надминуваат 32 степен.“, велат од УХМР.

По долгите сушни месеци, секое заладување е корисно, особено за намалување на ризикот од нови пожари. Апелот до граѓаните останува ист – внимателно и одговорно однесување, без палење оган на отворен простор и без активности кои би можеле да предизвикаат нови жаришта.