Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

После 30 години целосно се реконструира улицата „Марко Орешковиќ“ во „Кисела Вода“

По три децении целосно се реконструира улицата „Марко Орешковиќ“ со краците, информираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По три децении целосно се реконструира улицата „Марко Орешковиќ“ со краците, информираат од Општина Кисела Вода и додаваат дека продолжуваат со обновата на инфраструктурата низ целата општина, со која досега, како што тврдат, се опфатени преку 45 км улици и патишта.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој изврши увид во реконструктивните активности на кои жителите чекаа повеќе од 30 години најави дека продолжува обновата на инфраструктурата низ целата општина која досега опфати преку 45 км улици и патишта.

„Денеска сме во населбата Кисела Вода, на улица “Марко Орешковиќ”, собраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении. Зафаттот се одвива на потегот од улицата “Мариовска”, опфаќајки ја улицата “Марко Орешковиќ” и нејзините краци. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Она што од мене им беше ветено во целост ќе биде реализирано“, порача Ѓорѓиевски и додаде:

Реклама

„Денеска извршив увид и можам да кажам дека за околу две седмици сообраќајот во овој дел од Кисела Вода ќе се одвива по целосно рекоструирани улици. Секако, не застануваме тука. Со доаѓањето на пролетта, имаме можност да ги интензивираме градежните активности низ сите населби и населени места и да бидеме уште еден чекор до целта-до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, во општина Кисела Вода да нема неасфалтирана улица“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.