Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Поскапувањето на авионските карти, алкохолот но и цигарите се главната причина за растот на инфлацијата во мај

Владата будно ја следи состојбата, но засега нема да носи мерки против инфлацијата која според најновите податоци со просечни нешто под 4,5 % е најниска во регионот. Според анализата на Владата, транспортот, особено цената на керозинот, цигарите и алкохолот ја зголемиле инфлацијата во мај на 4,7%. За цените на транспортот премиерот Мицкоски најави дека се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата будно ја следи состојбата, но засега нема да носи мерки против инфлацијата која според најновите податоци со просечни нешто под 4,5 % е најниска во регионот. Според анализата на Владата, транспортот, особено цената на керозинот, цигарите и алкохолот ја зголемиле инфлацијата во мај на 4,7%. За цените на транспортот премиерот Мицкоски најави дека се разгледуваат мерки во корист на граѓаните и можно намалување на даноците, а за цигарите и алкохолот нема да има мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Фокусот на Владата е инфраструктурата но и капиталните енергетски проекти. Мицкоски најавува дека Владата е многу блиску до одлука сама да ги гради  Чебрен и Галиште. Овој проект според премиерот е од големо значење за државата бидејќи освен што ќе придонесе за зголемување на производството на енергија, со него ќе се создадат два резервоара на питка вода и тоа како поттребни не само за нас, туку и за регионот.

​„Доколку успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен темелник на овој, би рекол, историски проект. Има многу причини за кои верувам и јас и колегите во Владата и во компанијата АД ЕСМ, поранешна ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, народски кажано, да стиснеме заби да го изградиме сами овој проект. ​Имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека не само на Македонија како држава, туку и во регионот ќе им требаат два резервоара за питка вода. А токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари, така што производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби терцијален или четврти по ред“, рече премиерот Мицкоски.

Реклама

На терен се засилуваат и активностите во делот на патната инфраструктура. Се очекува делот од Извор до Врбјани на автопатот Кичево – Охрид, со сите тунели, да биде целосно завршен и пуштен во употреба најдоцна до октомври годинава. Целосно, трасата од излезот на Кичево до Охрид се очекува да биде пуштена во првиот квартал од 2027 година. Месецов ќе почне да се работи и на автопатот. Скопје – Блаце. Мицкоски рече дека завршена е целата процедурата за избор на изведувач и веќе до крајот на месецов очекува да почнат првите теренски активности. Паралелно Владата според премиеропт е фокусирана и на поддршка на земјоделството во насока на зголемување на домашното производство.