Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Свет

Португалија во шок и тага по трагедијата во Лисабон

Португалија е во шок и тага по трагедијата што се случи во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Португалија е во шок и тага по трагедијата што се случи во Лисабон, при што 15 луѓе загинаа, а 18 се повредени откако познатиот трамвај „Глорија“ излета од шини.

Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди. Несреќата се случила синоќа во близина на авенијата „Либердаде“, една од главните улици во португалската престолнина. Се верува дека во возилото во тој момент се наоѓале 43 лица.
Властите соопштија дека меѓу загинатите има и странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и несреќата ја нарече „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.

Реклама

Жичницата „Глорија“ е едно од најпознатите обележја на Лисабон. Отворена е во 1885 година, а три децении подоцна е електрифицирана. Познатите жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на градот.