Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Прилози

Поразот бил победа за Али Ахмети: Не се повлекува од политиката, останува на чело на ДУИ

Али Ахмети не се повлекува од политиката, останува на чело на ДУИ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети не се повлекува од политиката, останува на чело на ДУИ. Поразот на изборите за него е победа. Иако уште во првиот круг го загубија Чаир, кој важеше за клучна битка во  албанскиот политички блок, но и  Сарај, според Ахмети  ДУИ никогаш не изгубиле. . Вели не ги добиле градоначалничките места, но повеќе гласови имале за советничките листи и тоа било позитивно.

-Дали слушате кој победил, зошто да се повлечам од политиката, дали ги сакате разултатите. Одете во ДИК и ќе ви ги верифицираат, ако можете да видите за 25 години дали имало еден пораз на Али Ахмети. (Чаир и Сарај) Во битки има и пораз, изјави Ахмети.

Во вториот круг со голема негатива од речиси 4.000 гласа во однос на Билал Касами, влегува кандидатот за градоначалник на Тетово од ДУИ, Бајрам Реџепи. Интегративците со негатива влегуваат и во Струга, каде независниот Менди Ќира поддржан од Вреди, има предност пред Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција. И покрај ваквите резултати, според Ахмети во вториот круг се почнувало од 0:0. Тој прогласи победа и во Гостивар и Врапчиште, каде што изборите беа неуспешни, поради немање излезност.

Реклама

-Како општини во Липково, Пласница, Чашка. И во Гостивар и во Врапчиште сме победиле. Пет општини се тие од првиот круг и другите се во вториот круг, изјави Ахмети.

Прашањата дали ќе се бара одговорност од Ахмети, не беа најдобро прифатени од неговите најблиски соработници.  

-(Дали ќе барате оставка од Али Ахмети?) Кои сте вие да барате оставка од Али Ахмети. (Вас ве прашуваме како членови на партијата?) Кои сме, кој треба да бара оставка? (Па по поразот на локалните избори?) Кој пораз, праша Талат Џафери.

-(Дали очекувате тој сам да поднесе?) Приказни раскажувате? (Не ве прашуваме само?) Попаметни прашања поставувајте, ни кажа Џеват Адеми.

Али Ахмети на чело на ДУИ е повеќе од 20 години, односно од 2002-рата година по воениот конфликт во државава. Лани по повеќе од две децении владеење неговата партија замина во опозиција, а сега доживеаја пораз и на локалните избори.

Матеја Петровски