Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Поради синоќешното невреме, празничниот концерт во Крива Паланка одложен за вечерва

Синоќешното силно невреме во Крива Паланка, проследено со обилни врнежи од дожд,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синоќешното силно невреме во Крива Паланка, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и интензивни електрични празнења, беше причина општината да го одложи големиот празничен концерт што требаше да се одржи на отворено, на градскиот стадион и истиот да го закаже за вечерва, во истиот термин во 20 часот.

На концертот по повод 29 август, празникот на Свети Јоаким Осоговски, светецот – заштитник на Крива Паланка ќе настапат познатиот македонски пејач Слаткар, Ацо Пејовиќ и балканската музичка ѕвезда Лепа Брена.

Од општината велат дека одлуката била донесена пред сè во интерес на безбедноста на публиката, изведувачите и сите лица вклучени во организацијата, како и поради неопходноста од целосна проверка и безбедно ставање во функција на сценската и техничката опрема.

Реклама

-Поради неповолните временски услови и последиците од силното невреме, вчерашниот концерт на градскиот стадион во Крива Паланка се одложи за вечерва. Надлежните служби и организациските тимови се на терен и ги превземаат сите неопходни активности за да концертот се одржи во безбедни услови и целосно подготвен амбиент. Терминот и најавената програма остануваат непроменети, се наведува во соопштението од прес-службата на општината. 

Оттаму им се заблагодарија на граѓаните, посетителите, изведувачите и сите вклучени во организацијата за разбирањето, трпението и поддршката.

Поради празничните денови, продолжениот викенд и богатата културна програма што ја организира Општина Крива Паланка и најавениот концерт, сите сместувачки капацитети во градот се исполнети, а дополнително, синоќа во Крива Паланка со приватни возила и организирани групни превози пристигнаа голем број гости од разни градови од државата, но и од соседна Србија и Бугарија. 

Во централното градско подрачје на Крива Паланка во текот на вчерашниот ден беше воведен посебен сообраќаен режим којшто ќе се применува и денес,а општината обезбеди и повеќе локации за бесплатно паркирање.