Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Бизнис

„Попусто попусти кога цените се исти“  – Граѓански повик за бојкот на маркетите во петок

Македонските граѓани преку социјалните мрежи се мобилизираат за бојкот на маркетите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани преку социјалните мрежи се мобилизираат за бојкот на маркетите во знак на револт од превисоките цени. Со паролата „Попусто попусти кога цените се исти“ во петок на 31 јануари се повикува никој да не пазари во маркетите.. Повикот преку социјалната мрежа „ИКС“ стана вирален со споделување на сите соццијални мрежи. Иницијативата веќе и се шири и се заговара да не се пазари премногу и пред денот кога ќе има бојкот

Повикуваме на голем бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите и помалите маркети. Попусто бојкот во петок, ако во четврток или сабота им направите двоен промет – стои во дел од коментарите  на социјалната мрежа.

Граѓаните кои Алфа ги анкетираше ја поддржуваат иницијативата и велат дека во петок нема да пазарат затоа што трговците ја преминале границата. Дел од нив пак се сомневаат дека бојкотот ќе успее

Реклама

Од Организацијата на потрошувачи велат дека не се организатори но го поддржуваат бојкотот затоа што цените во маркетите се превисоки. Сметаат дека треба долгорочни мерки за намалување на цените

И ние како граѓани и како Организација свесни сме дека цените во маркетите се високи. Како Организација го поддржуваме бојкотот на граѓаните кои самоиницијативно се организираат. Дали ќе даде резултати мерката ќе видиме, бидејќи е само еден ден но добро е да се укаже на бизнисот па и на Владата, вели Татјана Тасевска од ОПМ.

Иницијативата за бојкот се случува по период во кој Владата посредуваше во обидот да ги заузда цените. Имаше и конкретен договор, кој сепак првично дел од трговците го изиграа, за подоцна да почнат да го спроведуваат во рамки на т.н. новогодишна кошничка. Во моментов во сила е законот за нефер трговски практики кој треба да стави ред во трфовијата.

Инаку, по примерот во Хрватска иницијативата се прошири и во Босна и Херцеговина, а слични чекори граѓаните најавија дека ќе преземнат и во  Црна Гора, каде граѓаните планираат да се воздржат од купување во супермаркетите и да ги  избегнуваат помалите маркети на 31 јануари.