Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

Половина од ветувањата на владата имаат напредок

Во половина мандат, кај половина од ветувањата кои ги дала Владата напредок има, а едно од пет се целосно реализирани. Ова го покажуваат резултатите од новата анализа спроведена од Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, во соработка со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво. Распределени во пет […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во половина мандат, кај половина од ветувањата кои ги дала Владата напредок има, а едно од пет се целосно реализирани. Ова го покажуваат резултатите од новата анализа спроведена од Институтот за економски истражувања и политики -Finance Think, во соработка со Младинскиот образовен форум, Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонското лекарско друштво.

Распределени во пет клучни области: образование, здравство, социо-економски политики, млади и родова еднаквост, анализата покажува дека 18% од ветувањата се целосно исполнети, 30% се во насока на исполнување, 39% не покажуваат напредок, 6% се движат во спротивна насока, а за 7% нема достапни информации. Најголем напредок е забележан во областа на образованието, исполнувајќи ги ветувањата за доделување ваучер за набавка на електронски уреди за сите студенти, како и проектот „Купи куќа за млади“. Сепак, остануваат неисполнети ветувањата како отворањето на 70.000 нови работни места за млади.

„Реализацијата на овие ветувања е многу важна поради тоа што допира до две клучни точки од животот на младите, а тоа е пристапот до достојни електронски уреди и самото вдомување. Вдомувањето како посебен проблем е посебно важно во самиот регион“, изјави Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум

Реклама

Состојбата е позитивна и кај макроекономските ветувања, со стабилен раст на бруто домашниот производ и ликвиден банкарски систем, но инфлацијата и сивата економија отстапуваат од целите. Сепак, во областа на родовата еднаквост втора година по ред нема целосно реализирано ветување.

„Во текот на следните две години да има поголема реализација на оние ветувања кои што претставуваат приоритет на граѓаните и на таков начин да има усогласување на потребите на граѓаните со она што владата го реализира“, изјави Благица Петрески, извршен директор на Finance Think.

Преку платформата Компас, надлежните веќе шест години по ред ги следат исполнувањата на владата и апелираат до граѓаните да се информираат и едуцираат за сите владини ветувања, со цел да бараат поголема отчетност.