Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Политичката криза во Бугарија нема да влијае на изградбата на железницата

Бугарските политички турбуленции нема да влијаат во изградбата на железничкиот тунел што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарските политички турбуленции нема да влијаат во изградбата на железничкиот тунел што ќе ги поврзе Македонија и Бугарија – дециден е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој вели дека ова лето багерите ќе бидат поставени на терен, а во моментов се работи на документацијата за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел.

Истовремено надлежните заедно со Агенцијата за просторно планирање работат на нов просторен план,кој според Николоски е од стратешко значење за идниот развој на државата. Тој потенцираше дека Македонија, како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, мора јасно да ја искористи својата геостратешка позиција.

Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др, истакна Николоски.

Реклама

Во моментов, Агенцијата ги има предадено Нацрт-просторниот план. Се очекува планскиот период да биде до 2040 година. Во наредната година планираме да биде донесен Предлог-планот. Тој треба да помине во собраниска процедура и да се донесе. Просторен план се носи неколку годинивели Гелески.

Од Владата очекуваат новиот план за просторно планирање да биде донесен низ транспарентен процес и со него да се решат бројни дилеми и да се постави патот за развој на државата до 2040 година.