Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Поголеми инвестиции за помали ценовни шокови – Сања Божиновска за приоритетите во енергетиката

Македонија да биде енергетски независна – ова е главната амбиција на идната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија да биде енергетски независна – ова е главната амбиција на идната министерка за енергетика, Сања Божиновска. Таа уверува дека во следните четири години фокусот ќе биде ставен врз инвестициите, а не како што вели, врз потрошувачката.Божиновска има амбициозни планови и стратегии, но и исто толку предизвици. Идната министерка за енергетика, вели дека ќе се обиде да го постигне она во што ниедна претходна влада не успеа – енергетска независност на државата.

Нашата цел ќе биде, Македонија да не е увозно зависна од енергетика. Тоа значи, дека нашата држава сите знаеме дека е земја која има многу сончеви денови, имаме природни ресурси и тоа ќе мора да го искористиме максимално.И ќе се трдуиме да го намалиме првенствено увозот на електрична енергија.Сакаме да ги искористиме сите експерти во оваа област,знаеме дека постојат многу…и ќе правиме се да ги зајакнеме домашните капацитети” – изјави за Алфа, идната министерка за енергетика, Сања Божиновска.

Божиновска доаѓа на чело на Министерството за енергетика, во време кога треба да се донесе нова цена на струјата.Таа уверува дека благодарение на предлог законското решение на мандатарот Христијан Мицкоски, цената на струјата ќе остане иста, но во одреден временски период, можно е и нејзино намалување.

Реклама

Вчера претседателот Мицкоски, поднесе амандман во Собранието, со што може да се олесни процедурата, односно лиценцата што ја има ЕВН хоум да се продолжи за да нема дополнителни импликации по граѓаните.Ние можеме да ветиме дека веднаш ќе почнеме да работиме во зајакнување на капацитетите и следниот период пресметковен, може да направиме ревизија на работењето и ќе направиме се да нема никакви поскапувања.Ќе се трудиме и можеби да има некое намалување на цената, но затоа ни треба временски период да видиме на што ќе наидемевели Божиновска.

Божиновска најави детална ревизија во работата на ЕСМ и МЕПСО.Таа вели дека ќе се стават под лупа сите сомнителни договори кои биле направени во четири очи. Според неа, коруптивните зделки се главната пречка во енергетиката.

“Одговорно тврдам дека ќе имаме транспарентно работење, односно тендери во четири очи веќе нема да постојат, сајтот кој ќе го има министерството ќе биде целосно транспарентен, граѓаните во секој момент ќе можат да знаат колку се произведува електрична енергија во Македонија, за која цена се набавува,колку се увезува и колку се извезува.Сите договри кои биле направени ќе ги провериме, и ќе видиме што се работело досега” изјави идната министерка за енергетика Сања Божиновска.

Македонија за прв пат добива посебно Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, нешто што експертите долго време го бараа.

Сања Божиновска е експерт за енергетика и претходно има работено како консултант во Прага. Образована е на претстижни европски универзитети, а по две и пол децении со стекнатo европско искуство подготвена е да ги имплементира искуството и знаењето во енергетскиот сектор.

Ања Лукарова