Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи, упати честитка по повод Курбан бајрам

По повод утрешниот празник Курбан бајрам, честитка до верниците од исламска вероисповед…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод утрешниот празник Курбан бајрам, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Шаќир Фетаи.

– Со желби возвишениот Алах да ги прими нашите жртви, курбани и молитви, наградувајќи нè со Неговата милост и безгранични благодати, денес, со срце и душа, го очекуваме големиот празник Курбан бајрам, празник што го означува извршувањето на обврската хаџ, обврската на принесување курбан, како и деновите во кои светиот Куран беше објавен за да биде упатство за целото човештво и за сите времиња. Во деновите на овој празник, милиони верници, со непоколеблива вера и висока свест, ја извршуваат обврската хаџ за да го исполнат петтиот столб на исламот сведочејќи во пракса за силата на верата и нивната посветеност кон возвишениот Господ со зборовите: „Ти се одѕиваме, Господару наш, Ти се одѕиваме!“ Навистина, денес во благословената Каба, во долината Арафат и на другите свети места, верниците сведочат дека нивната цел е љубовта кон Алах, кон самите себе и кон човекот. Во благословената Каба тие ја примаат пораката дека човештвото потекнува од еден маж и една жена, што ја подига свеста за еднаквоста во сите сфери на животот, за побожноста, почитта, човечноста и развојот во служба на човекот – вели Фетаи во честитката.

На овој голем ден, како што посочува, верниците со задоволство ја извршуваат божествената обврска на принесување курбан сведочејќи во пракса дека богатството е дар од Бога и дека тоа не е цел на животот, туку средство за постигнување на неговите цели: верата, грижата за себе, за човекот, за сиракот, за сиромавиот, за знаењето и за човечката благосостојба.

Реклама

– Ова го потврдува големиот исламски принцип дека нема големи дела без големи жртви и дека доброто се постигнува со жртвување, дури и на најмилото што човекот го поседува. Затоа празникот Курбан бајрам преку курбанот гради конструктивна, умерена и мудра личност, посветена на доброто, солидарна, мирољубива и во секој момент внимателна за општото добро – потенцира Фетаи.

Тој во честитката вели дека овој празник го прави верникот свесен да ги оттурне од себе омразата, љубомората, агресивноста, потценувањето, дискриминацијата и поделбите.

– Тој симболизира висока свест за Создателот, грижа за здравото семејство, блискост меѓу луѓето, мудрост во постапките, љубов кон блиските, родителите и семејството, зацврстување на меѓучовечките врски, избегнување конфликти меѓу државите и народите, како и ширење мир, толеранција и солидарност за издигнување на поединецот, семејството и општеството во целина. По повод овој голем празник, ја користам оваа можност во име на Исламската верска заедница на РСМ и во мое лично име да ви ги упатам најискрените и најсрдечни честитки до сите верници, нашите семејства, како и до нашите сонародници каде и да живеат. Честит Курбан бајрам! – истакнува Фетаи во честитката.