Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Пофалби за обновениот пат од Охрид до Св. Наум

Реконструкцијата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум,проект кој што конечно се реализира после…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на магистралниот пат Охрид-Свети Наум,проект кој што конечно се реализира после цели 4 децении го поздравија охриѓани и бројните туристи. Нашите традиционални гости отворено кажуваат дека токму поради лошиот и небезбеден пат избегнувале да го посетат манистирскиот комплекс Свети Наум, други пак два пати размислсувале поред да тргнат по тој пат,а оние кои прв пат ја посетуваат дестинацијата се воодушевени.

–“Ова е уникатна дестинација,прв пат сме во Охрид и секоја интервенција на патната инфратрукура во охридскиот регион е многу важна бидејќи има многу туристи, а тоа е значајно за Македонија.-Ние доаѓаме често пати во Охрид во овие последни 55 години откако сум во Австралија тука имаме дојдено најмалку 25 пати и баш сум задоволен пред 2 дена слушнав на телевизија и сум многу благодарен што го направиле патот, не само за мене туку за целата Република Македонија бидејќи оваа дестинација е најважна за туризмот.-Нешто убаво за поарно да вози човек и посигурно.-Неубав беше многу кривини.-Последно јас бев 2023-та и многу тешко беше оти неможеше да се премине од една до друга страна и тоа беше многу опасно.Уште кога видовме на телевизија дека патот е направен и пуштен,многу се израдувавме”

Експертите го нагласуваат значењето на овој патен правец бидејќи ја поврзува дестринацијата и со соседна Албанија.

Реклама

“Како регионален, утре се надевам дека ќе влезе и во магистрална патна мрежа бидејќи има спојка со друга држава и тоа ни е многу важно, бидејќи влегувањето во Албанија значи и влегување во многу стратешки места во самата Албанија,од Корча до Тирана до самото море” –вели Љупчо Милкоски,аналитичар за безбедносни појави

До пoчетокот на главната туристичка сезона во употреба ќе биде пуштен и дел од автопатот Охрид-Кичево од Врбјани до Охрид, со исклучок на Ботун, а компетно овој важен инфраструктурен проект ќе биде завршен до крајот на 2026 година.