Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Економија

Поддржани 13 амандмани на комисиската расправа за Предлог-законот за државната ревизија, буџетот за ДЗР ќе се гласа посебно

Поминаа тринаесетте амандмани на 79-тата седница на собраниската Комисија за финансирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа тринаесетте амандмани на 79-тата седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. На денешната седница членовите ги усвоија амандманите на Предлог-законот за државната ревизија во второ читање. Со дел од амандманите се прецизираат одредби поврзани со надлежностите на Државниот завод за ревизија, постапката за избор и мандатот на главниот државен ревизор, како и со начинот на разгледување и доставување на ревизорските извештаи.

Сите амандмани се поднесени од пратениците Бојан Стојаноски, Тони Јаревски, Мартин Стојановски и Лидија Петковска. Во текот на седницата заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски се произнесе позитивно.

Со првиот амандман, пратениците предложија намалување на ризикот со друг закон да се изземе надлежноста на Државниот завод за ревизија или рационално да се намали опфатот за вршење државна ревизија. Во образложението беше посочено дека решението е во согласност со принципот 3 од Мексиканската декларација. Членовите на Комисијата го прифатија и амандманот со кој се прецизира дека Собранието го објавува јавниот оглас за избор на главен државен ревизор.

Реклама

Со амандман на членот 11 се вршат повеќе технички усогласувања, а со други се прецизираат одредбите поврзани со мандатот на главниот државен ревизор и начинот на постапување на Собранието.

Членовите го прифатија и амандманот со кој се прецизира дека Собранието го констатира престанокот на мандатот на главниот државен ревизор на првата наредна седница. Во образложението пратеникот Мартин Стојановски посочи дека целта е да се прецизира законската одредба. 

Пратеникот Мартин Стојановски, кој ги образложуваше сите амандмани кажа дека со некои амандмани се предлага усогласување на текстот со одредбите од Законот за буџетите, разделот да се гласа посебно во Собранието. На членот 13 исто така беше усвоен технички амандман. Еден од усвоените амандмани го уредува прашањето на одговорноста на главниот државен ревизор и неговиот заменик, со кој се прецизира дека тие не можат да бидат повикани на одговорност пред судови и други државни органи во врска со вршењето на државната ревизија и издадените мислења и заклучоци по извршената државна ревизија.

Со амандманот на членот 15 се предвидува генералниот секретар да продолжи да ги извршува своите задачи по престанокот на мандатот на главниот државен ревизор, до назначување нов генерален секретар. Усвоен е и амандман на членот 15 со кој се предвидува делот наменет за Државниот завод за ревизија во Буџетот на државата да се гласа посебно од страна на Собранието. Во расправата беше посветено внимание и на одредбите што се однесуваат на збирните ревизорски извештаи.

Со амандманот на членот 44 се прецизира дека збирниот извештај за спроведените ревизии кај правни субјекти од иста или слична дејност се доставува до Собранието, по што за извештајот може да се расправа на седници на работните тела и на седници на Собранието.

Пратеничката Весна Бендевска побара дополнително објаснување за оваа одредба, посочувајќи дека обврската Државниот завод за ревизија да изготвува збирни извештаи за извршени ревизии кај правни субјекти од иста дејност претставува добра практика и придонесува за поголема транспарентност. Таа праша за основата за претходно предвиденото упатување на координативна средба кај претседателот на Собранието во однос на одлучувањето за тоа каде ќе се разгледуваат збирните извештаи.

Пратеникот Мартин Стојановски појасни дека амандманот бил изменет и дека од конечниот текст е избришан делот што се однесувал на одлука донесена на координативна средба меѓу претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи. По појаснувањето, Бендевска посочи дека ја поддржува измената. Последниот амандман се предвидува дека по извештаите од ставот 1 на овој член може да се расправа на седници на работните тела и на седници на Собранието.

По исцрпувањето на расправата, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска го проследи Предлог-законот за државната ревизија за натамошна постапка во Собранието. За известител на седницата на Собранието е определен пратеникот Мартин Стојановски.