Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Култура

Под мотото „Промени се, промени се’“, во Прилеп стартуваше 58-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

  „Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал, промената е и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  „Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал, промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, интерните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас. Ние сме промената“. Со овие зборови, уметничката директорка Ана Стојаноска, синоќа го означи стартот на 58-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, кое годинава се одржува под мотото „Промени се, промени се’“, а во чии рамки ќе бидат прикажани 11 претстави во официјалната и 7 во придружната програма.

  „Логото е инспирано од нашиот автор во фокус, Горан Стефановски – „Промени се, промени се“. Идеата е да се менуваме самите себе си, да го менуваме светот што го создаваме, а театарот е еден од најубавите светови така што можноста за промени е огромна. Од денеска, па до петок ќе гледаме претстави на сите страни во Прилеп, на сцената од ЦК „Марко Цепенков“, во НТ „Војдан Четнодрински“, на фестивалските зони насекаде низ градот, ќе зборуваме за театар, ќе го славиме театарот, ќе учиме за театарот“, – истакна проф. д-р Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.

   Годинашното театарско фестивалско случување, кое и најпрестижно и единствено од тој тип во земјава, започна со отворањето на изложбата посветена на авторот „Во фокус“, големиот Горан Стефановски, а продолжи со доделувањето на наградите за животно дело на актерите Мими Таневска- Србиновска и Јордан Витанов.

Реклама

  „Ми направи големо задоволство, се изненадив. Пријатно сум возбуден. На моите млади колеги би им посакал да работат посветено. Театарот е страст, уметност од која егзистираме на некој начин, но најважно е што тој не прави среќни и нас, и публиката“, – изјави Јордан Витанов, актер и добитник на Наградата за животно дело.

 „Ја доживувам оваа награда навистина како голема чест и навистина ја примам со голема радост, бидејќи доаѓа од моите колеги, од мојата бранша, од фелата што се вели, или како што Горан милуваше да каже – од театарџиите“, – рече Мими Таневска- Србиновска, актерка и добитничка на Наградата за животно дело.

  Инаку, прва претстава со која се подигнаа завесите на годинашниот МТФ беше „Хеда Габлер“ од Ибзен во изведба на Драмски театар – Скопје. Фестивалот ќе трае до 14 јуни и на него учествуваат речиси сите професионални театри од земјава.