Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Почнува манифестацијата „Денови на филигран“

Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Според дневниот ред на 50-тата седница, предвидено е формирање Комисија за подготвување кандидатски листи, како и Комисија за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

На огласот за избор на нов раководител на ОЈО ГОКК досега се пријавени петмина јавни обвинители. Според информациите кои за МИА ги потврди претседателот на СЈОРМ, Башким Бесими, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Реклама

Огласот за избор на раководител на ОЈО ГОКК беше објавен согласно Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за Јавното обвинителство. Според условите, право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години.

Изборот на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е закажан за 28 октомври 2026 година.

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.