Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Почнува 4. „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Во Гевгелија денеска почнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гевгелија денеска почнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. До 13 септември, недела, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вино, музика и програма наменета за сите генерации.

Годинашното издание ќе се одржи на нова локација – во Mega Shopping Park-от. Фестивалот ќе почне попладне во 18:30 часот, а програмата во петок и сабота ќе трае до 01:00 часот по полноќ. Во недела, содржините ќе започнат во 14:00 часот и ќе продолжат до полноќ.

-„Taste the South“ четврта година по ред ги обединува гастрономската традиција, локалните производители, културното наследство и музиката во единствено фестивалско доживување. Секој фестивалски ден ќе биде посветен на различен препознатлив вкус од југот. Во петок, посетителите ќе можат да ја проследат подготовката и да дегустираат домашен ајвар. Саботата ќе биде посветена на смоквите и производите од нив, додека во недела ќе се одржи дегустација на традиционална ракија, велат организаторите.

Реклама

Во фестивалската понуда ќе учествуваат и локални производители и винарии, кои пред посетителите ќе претстават избор на производи и вина. На тој начин, фестивалот ја промовира автентичната гастрономија на гевгелискиот регион и го доближува неговото културно и кулинарско наследство до домашните и странските посетители.

Музичката програма денеска ќе почне во 18:30 часот со настапите на ЗГУД „Негорци“ од Негорци и ЗГУД „Браќа Толеви“ од Прдејци. Во 19:30 часот ќе настапи Филип Стојанов, во 20:45 часот „Пауза за ракија“, а во 22:10 часот „Куку Леле“. Првата фестивалска вечер ќе ја заокружат „Брас Брадарс“, чиј настап е закажан за 23:50 часот.

Петочната гастрономска програма ќе биде посветена на подготовката и дегустацијата на ајвар.

Утре програмата ќе почне во 18:30 часот со КУД „Танец“ од Миравци. Во 19:15 часот ќе настапи „Леге Артис“, а во 20:15 часот Кико Болеро и „Болеро бенд“. Во 21:30 часот на сцената ќе се појави „Нокаут“, додека вечерта ќе продолжи со настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе“ од 23:15 часот.

Вториот фестивалски ден ќе ги стави во фокус смоквите и локалните специјалитети подготвени од нив.

Последниот фестивалски де, недела, ќе понуди програма за малите и за големите. Во 14:00 часот ќе настапи Школото за гитари при Пионерскиот дом, а во 15:00 часот Школата за тапани при Пионерскиот дом. Во 17:00 часот следува настапот на Ансамбл „Бојмија“, а во 17:45 часот ќе настапи „Мистик“. Во 18:30 часот ќе почне Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“. Вечерната програма продолжува со Наталија Данаилова во 19:45 часот, „Два Бона“ во 21:00 часот и Каролина Гочева во 22:30 часот.

Неделата ќе биде посветена на традиционалната ракија, со дегустација и гастрономски содржини, како и целодневна забава за посетителите од сите возрасти.

Низ тридневната програма, публиката ќе ја водат „Диверзија“ и Марко „Дај побрзај“.

-Со спојот на храната, виното, традицијата и музиката, „Taste the South“ продолжува да ја претставува Гевгелија како гостопримлива дестинација со препознатлива јужна енергија и автентична фестивалска понуда, наведуваат организаторите.