Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Почна третманот за рехабилитација на повредените од дискотеката „Пулс“ во болницата во Кочани

Од денеска 27 повредени во дискотеката Пулс започнаа со рехабилитација во Општата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска 27 повредени во дискотеката Пулс започнаа со рехабилитација во Општата болница во Кочани. Со нив, бројот на млади луѓе, кои по трагедијата се опоравуваат од повредите  во болницата во Кочани, се искачачи на 38. Во дневна амбуланта, тие се распоредени на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија. Нивната здравствена состојба е стабилна, наведуваат од болницата. Повредени се рехабилитираат и во штипската Клиничка болница.

„Во моментот немаме примено, но се водат во дневна болница еден или   двајца пациенти што доаѓаат„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

  Во меѓувреме петмина вработени во штипската Физикална терапија, се  на обука во кочанската Општа болница.  Веќе десетина денови црпат искуство од искусни колеги  од  Велика Британија и Шпанија,  како успешно да ги рехабилитираат  изгорениците и фрактурите со кои младите луѓе се здобија по несреѓата во дискотеката Пулс ..

Реклама

„Обуката трае веќе десетина дена. Имаме испратено пет лица. Едниот е физијатар, двајца физиотерапевти и две медицински сестри. Во моментот се на обука и работат парцијално со пациенти кои се препраќаат од Клиниката за пластична хирургија во Скопје„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

 Од денеска  во кочанската болница во функција е ставена и хипербарната комора , која болницата ја доби како донација. Според експертите, ваквата терапија ќе овозможи брза и успешна ревитализација на кожата со изгореници, како и интоксикација на организмот,  по вдишувањето на чадот во дискотеката. Еден час во хипербаричната комора заменува 7 до 10 дена престој на планина.