Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Почна смената на директорите во училиштата во Општина Маврово и Ростуше, нов директор доби училиштето во Жировница

Почна смената на директорите во образовните институции во Општина Маврово и Ростуше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна смената на директорите во образовните институции во Општина Маврово и Ростуше со именувањето нов директор на Општинското основно училиште „Јосип Броз – Тито“ во село Жировница.  
 
-Попладнево со одлука на градоначалникот Онер Јакупоски, вршител на должноста директор е наименуван Насер Ејупи, професор по одделенска настава во училиштето. Градоначалникот Јакупоски му посака успешна и плодна работа на новиот директор, нагласувајќи ја важноста на квалитетното образование за развојот на заедницата, информираше Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање. 


Јакупоски истакнал дека Општината ќе продолжи силно да го поддржува училиштето во насока на подобрување на условите за настава и реализација на нови проекти кои се од интерес за учениците и наставниот кадар.

Ејупи меѓу другото рекол дека ја презема функцијата со обврска за посветено водење на институцијата и одржување на високите стандарди во образовниот процес во Жировница. 
 
Досегашен директор на ова училиште беше Анес Ахмети.

Реклама

На подрачјето на Општина Маврово и Ростуше функционираат четири основни училишта и тоа во Жировница, Скудриње, Ростуше и Маврови Анови, како и Гимназија во Ростуше.