Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Почна реконструкцијата на најважниот мост во Штип – што го поврзува центарот со индустриската зона

Започна реконструкцијата на еден од најфреквентните мостови во Штип, мостот на реката Брегалница, кој го поврзува централното градско подрачје со индустриската зона. Градежните работи започнаа по спроведените стручни анализи, кои покажаа потреба од санација и зајакнување на конструкцијата. Со проектот е предвидена целосна санација на долниот дел од мостот, подобрување на неговата стабилност и носивост, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реконструкцијата на еден од најфреквентните мостови во Штип, мостот на реката Брегалница, кој го поврзува централното градско подрачје со индустриската зона. Градежните работи започнаа по спроведените стручни анализи, кои покажаа потреба од санација и зајакнување на конструкцијата. Со проектот е предвидена целосна санација на долниот дел од мостот, подобрување на неговата стабилност и носивост, како и реконструкција на коловозот, тротоарите и заштитната ограда.

„Оваа инвестиција е на ЈПДП, а вредноста на зафатот изнесува околу 30 милиони денари и очекувам во наредните месеци практично да ги завршат активностите на овој мост“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во тек се дополнителни испитувања на статиката и состојбата на останатите мостови во градот. Приоритет ќе биде и реконструкцијата на Камениот мост, изграден во 1672 година и кој се води како споменик на културата, поради што за неговата санација ќе треба посебни конзерваторски процедури.

Реклама

„Со оглед на тоа што овде имаме поразлични одобренија, конзерваторски, затоа што мостот е заштитен под Заводот за заштита на културното наследство, постапката е малку поразлична, но верувам дека и овде динамиката на завршување на предвидените активности ќе биде спроведена во најкраток можен рок“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Покрај обновата на постојните мостови, во план е изградба на уште два нови моста кои ќе овозможат подобро сообраќајно поврзување во Штип. Едниот ќе биде дел од новата обиколница што се гради, додека вториот ќе ги поврзува населбите Баби и Балканска.