Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Почна Рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 29 дена и завршува на 20 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови, е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и за работниците што  вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 20 март е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Реклама

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник и 20 март (петок) ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи испрати порака во која истакна дека Рамазан емесец во кој срцата стануваат почувствителни, совеста поостра, а врската со Аллах подлабока.

-Рамазан доаѓа како повик кон внатрешен мир и кон преуредување на нашиот живот околу она што е суштинско. Целта на постот е богобојазливоста. Богобојазливоста е постојана свесност за Алах која го насочува човекот во мислата, зборот и делото. Таа е морална совест која го одржува човекот исправен и кога е сам, и одговорен и кога никој не го гледа. Рамазан е школа на дисциплина и карактер. Кога се воздржуваме од храна и пијалак – нешта што се дозволени – ја воспитуваме нашата волја и ја зацврстуваме самоконтролата, за да можеме да се воздржиме и од забранетото. Оваа самоконтрола мора да се прошири и надвор од физичкиот аспект. Таа треба да го опфати нашиот јазик, однесување и меѓучовечки односи – вели тој во пораката.

Фетаи посочува дека во овој месец не е доволно верниците да се одалечат само од храната, туку треба да се одалечат и од раздор, клевета и горделивост.

-Постот има за цел трансформација на карактерот. Не е доволно да пости со стомакот, треба да замолчи и злото во нас. Не е доволно да се оддалечиме од храната, треба да се оддалечиме од раздор, клевета и горделивост. Преку постот учиме благодарност за благодатите што често ги земаме здраво за готово, стануваме почувствителни кон состојбата на оние што се во потреба и ја зајакнуваме меѓусебната одговорност. Дарежливоста, милоста и помошта кон оние што имаат потреба се конкретен израз на верата и на постот – вели поглаварото на ИВЗ.

Во пораката порачува овој Рамазан да биде месец на прочистување на срцата, зацврстување на верата и морално издигнување за секој од нас.

– Да го започнеме овој Рамазан со решителност за вистинска промена. Да го искористиме овој месец за помирување со Аллах преку искрено покајание и за помирување меѓу нас преку простување и разбирање. Искреноста нека биде темел на секое дело, а одговорноста критериум на секоја одлука. Го молиме Возвишениот Алах овој Рамазан да биде месец на прочистување на срцата, зацврстување на верата и морално издигнување за секој од нас. Нашите срца да се ослободат од секој непотребен товар. Нашите семејства да се исполнат со мир и разбирање. Нашата заедница да се зацврсти во единство и институционална одговорност. Нашата татковина да биде благословена со мир, правда и стабилност. По повод почетокот на благословениот месец Рамазан, имам чест и задоволство, во име на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија и сите нејзини институции, како и во мое лично име, од срце да им посакам на нашите верници во татковината и во дијаспората благословен Рамазан, лесен и прифатен пост, и месец што ќе остави длабоки траги во нашата душа, карактер и живот, приближувајќи нè повеќе кон Алах и обединувајќи нè посилно во добрина, правда и одговорност. Нека ни е за добрина доаѓањето на месецот Рамазан. Аллах нека ве благослови – вели во пораката поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: