Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Почна изградбата на вториот маркет на ЛИДЛ во Битола

ЛИДЛ е значајна странска инвестиција во Општина Битола која ќе биде додадена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЛИДЛ е значајна странска инвестиција во Општина Битола која ќе биде додадена вредност на битолската економија и квалитетна услуга за купувачите, истакна градоначалникот Тони Коњановски на денешниот свечен почеток на изградбата на вториот маркет ЛИДЛ во овој град.

Според Коњановски, новата инвестиција ја одразува заедничката верба во потенцијалот на македонскиот пазар.

– Инвестицијата нуди повеќе бенефити за градот, за отворање на нови работни места, пристап до висококвалитетни производи и партнерства со домашните компании што е голем придонес за локалната заедница. Ова е уште една нова инвестиција што ја одразува заедничката верба во потенцијалот на македонскиот пазар, посочи Коњановски и се заблагодари што ЛИДЛ како општествено одговорна на компанија претходно донираше спортско игралиште.

Реклама

ЛИДЛ маркетите се лоцирани во 31 држава во светот, а новиот во Битола ќе биде од типот на метропол супер маркети, посочи Катарина Зориќ, директорка за недвижности во ЛИДЛ.

-Нашето присуство на пазарот не се однесува само на отворањето маркети, напротив со својата работа ЛИДЛ придонесува во развојот на домашната економија. Ние отвораме нови работни места за македонските граѓани, создаваме можности за соработка со домашни компании за кои ЛИДЛ е мост до европските пазари. Соработката што ја имаме со Општина Битола е показател за тоа како бизнисот и локалната самоуправа може заеднички да соработуваат за поголем локален економски развој, истакна Зориќ.

Новиот објект на ЛИДЛ во Нова Битола, се гради според современи стандарди со проектирање на најмалку 20 насто зеленило на парцелата, современа придружна инфраструктура со нова пристапна улица и паркинг простор со 108 паркинг места.