Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Почна изградба на градинка „Пролет“ во Козле со капацитет за 130 деца 

Почна изградба на нова градинка „Пролет 2“ во населба Козле во општина Карпош, инвестиција на Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади.   На поставувањето камен-темелник присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа е, рече, „наш врвен приоритет во Општина […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна изградба на нова градинка „Пролет 2“ во населба Козле во општина Карпош, инвестиција на Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади.  

На поставувањето камен-темелник присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа е, рече, „наш врвен приоритет во Општина Карпош“.

-Секој еден ваков почеток претставува голем успех, во смисла на тоа дека ќе обезбедиме подобри услови за живот, во тие моменти кои ќе ги поминуваат нашите најмлади, дечињата, во овој објект. Ќе учат, ќе другаруваат, што за нас претставува врвен приоритет и оваа Влада и во иднина ќе продолжи на тој начин да се однесува, да реализира вакви проекти. Бидејќи само на овој начин можеме да обезбедиме пристојни услови за развој на нашите најмлади, но истовремено и родителите коишто ќе ги остават своите дечиња во овој новоизграден објект ќе се чувствуваат сигурни дека децата се згрижени, дека ја добиваат негата којашто ним им е потребна и, се разбира, тука ќе се образуваат и ќе другаруваат, изјави Мицкоски, додавајќи дека „ако биде сè како што треба би требало да се изгради во рекордно време“. 

Реклама

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани изјави дека изградбата на градинката е доказ дека инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на нашата држава.

-Приоритет на Министерството е секое дете да има пристап до квалитетна предучилишна грижа, безбедна средина и еднакви можности за развој. Владата континуирано инвестира во проширување на капацитетите за згрижување на децата бидејќи наша цел е да ги намалиме листите на чекање и да создадеме современи услови во кои децата ќе растат, ќе учат и ќе ги развиваат своите потенцијали, изјави министерот Лимани.

Додаде дека дел од градинките кои се во фаза на изградба по општините ќе бидат отворени до крајот на оваа или следната година и со нив ќе бидат обезбедени 3500 нови места. 

-Продолжуваме со поддршка на општините бидејќи силната заштита на децата и поддршката на семејствата се од суштинско значење за демографскиот развој и за подобра иднина, рече Лимани. 

Заменик-градоначалникот на општина Карпош Неделчо Крстевски изјави дека вкупната инвестиција во изградба на градинката „Пролет 2“ во  Кзоле е 138 милиони денари или над 2,2 милиони евра.

-Се работи за објект од 1150 квадратни метри и градежна парцела од околу 2000 метри квадратни, која децата ќе ја користат за разни активности. Ќе има седум занимални, а капацитетот ќе биде за 130 деца. Рокот за изградба е 120 дена, но се надеваме дека некаде пред зимата новата градинка веќе ќе може да ги прими децата и да влезат во комплетно нови и модерни услови, изјави в.д. градоначалникот Крстевски.