На народната банка и на гувернерот Трајко Славески им дојде преку глава од паниката и лагите на СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче. Неофицијално дознаваме дека тие денес поднеле кривични пријави против речиси целокуното партиско раководство – Филипче како претседател, генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, а посебна кривична пријава заработил и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. Кривичното гонење кое го иницира Народната банка против претседателот на СДСМ и функционерите, досега не е потврдено од надлежните институции. Засега не се знае ниту точната содржината на пријавите, односно за кои кривични дела се однесуваат, ниту за конкретните наводи што се опфатени во нив.
Сепак, може да се претспоставува за што станува збор. Од избивањето на случајот со Алта банка, во повеќе наврати Народната банка, премиерот и експертската јавност предупредуваа дека лидерот на СДСМ Венко Филипче, со своите прес конфренции и јавни настапи не само што не помага, туку намерно шири паника со цел зголемување на стравот кај граѓаните. Ваквиот страв резултираше тие да потрчаат на шалтерите и банкоматите за да си ги подигнат сите средства, со што можеа да ја доведат банката до банкрот. Токму заради тоа народната банка мораше да интервенира и да ја преземе контролата врз банката.
Но и покрај ова СДСМ и Филипче не престанаа да ја подгреваат ситуацијата и да го плашат народот тврдејќи дека парите се веќе украдени, дека станува збор за криминална банка и дека во неа власта има вмешано прсти. Дури оддржаа прес конференција дека гувернерот назначил управител на Банката – човек кој требало да ги уништи трагите и да ги заташка наводните криминали. Во неколку наврати Народната банка јавно апелираше СДСМ да престане да шири паника, па дури и јавно бараше одговорност ваквите лажни тврдења кои и носат само штета на банката и граѓаните да престанат.
- „Народната банка смета дека е крајно неодговорно политичките субјекти да шират вакви инсинуации, особено во момент кога институцијата презема конкретни мерки за заштита на интересите на штедачите и клиентите на АЛТА банка. Свесното повторување на веќе демантирани невистини и создавањето сомнеж во законитоста на постапувањето на Народната банка не придонесуваат за информирање на јавноста, туку директно ја поткопуваат довербата во банкарскиот систем“ соопштија од Народната банка на 05.11.2026 година.
Премиерот Мицкоски пак отиде и понатаму и го обвини лидерот на опозицијата за саботажа, бидејќи со своите настапи ги одвраќа и потенцијалните купувачи кои би требало да ја спасат банката и така да бидат заштитени и парите на граѓаните. Но и тоа не го спречи СДСМ да оптие чекор понатму, па дури и да му се заканат на републичкиот обвинител Ненад Савески, доколку не отвори истрага, ќе го снајдела иста судбина како обвинителите во Србија, кои се апселе.

