Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Почна интервјуирањето на кандидатите за судија во ЕСЧП во Стразбур

Комисијата за избор на кандидати на Македонија за судија во Европскиот суд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за избор на кандидати на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) денеска на состанок почна интервјуирање на селектираните кандидати и дискутираше за претставки за потенцијален судир на интереси упатени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и за два приговора пристигнати до Комисијата.  

– Претседателот на Комисијата Дарко Костадиновски ги извести членовите за двете претставки упатени до ДКСК за потенцијален судир на интереси помеѓу претседателот на Комисијата и еден од кандидатите од селектираната листа за интервјуа, за којашто дознал од медиумите, како и за двете претставки упатени до Комисијата. По образложување на аргументите и фактите во смисла дека во конкретниот случај не може да стане збор ниту за пристрасност, ниту за потенцијален судир на интереси, предлогот за изземање на претседателот Костадиновски не беше прифатен од членовите на Комисијата, се вели во соопштението од Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП.

На состанокот едногласно е одлучено да се спроведат закажаните интервјуа во текот на денешниот ден, а резултатите да се достават до Експертскиот панел на Советот на Европа, откако ДКСК ќе одлучи по приговорите. 

Реклама

На интервјуата, со цел зголемување на транспарентноста и непристрасноста во постапката биле поканети и присуствувале Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење” и Бојана Божиновска-Силјановска од „Македонско здружение на млади превници”. 

Комисијата ги разгледала и пристигнатите приговори на кои најавува дека ќе биде одговорено соодветно.

– Комисијата ќе продолжи со интервјуата во текот на денот според предвидената динамика, се вели во соопштението.

Меѓу кандидатите кои се повикани на интервјуа се поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати. Станува збор за 11-те кандидати: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер Дамјановска, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.

Деветгодишниот мандат на македонскиот судија во Стразбур Јован Илиевски му истекува на 1 февруари 2026 година.