Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Почна 8. Меѓународна недела за целите за одржлив развој, формирана меѓууниверзитетска коалиција за одржливост

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје соопшти дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје соопшти дека вчера почна 8. Меѓународна недела за целите за одржлив развој (SDGs), во соработка со Обединетите нации, чија цел е  да се истакне суштинската улога на академијата во зајакнувањето на младите како активни фактори во процесите на одржлив развој. 

Со наслов „Поттикнување на младинската извонредност: Придонесот на општествените и хуманистичките науки во постигнувањето на целите за одржлив развој (SDGs)“, настанот ги обединува универзитетските професори, членови на тимот на ОН во земјата, истражувачи, студенти и претставници на дипломатската заедница, во заедничка академска и општествена дебата за улогата на младите како двигатели на одржливи и инклузивни општества. Главната цел на Меѓународната недела е промоција на интердисциплинарна соработка и размена на знаење во поддршка на одржливиот и инклузивен општествен развој – се наведува во соопштението на Филозофскиот факултет. 

Во рамките на отворањето на Меѓународната недела вчера официјално беше промовирана универзитетската коалиција SustainED. Цел на оваа коалиција, формирана од осум акредитирани универзитети во партнерство со Обединетите нации, е да ги вгради целите за одржлив развој во академските наставни програми, во истражувањата и во иницијативите за ангажман на студентите.

Реклама

Членки на универзитетската коалиција SustainED се: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ), Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово (УЈИЕ), Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје (УМТ), Меѓународен балкански универзитет (МБУ), Универзитет Американ колеџ – Скопје (УАКС) и Државен универзитет во Тетово (ДУТ). Дополнителна цел на коалицијата SustainED е да ја институционализира и координира улогата на високото образование во имплементацијата на агендата 2030 и целите за одржлив развој. Преку коалицијата истражувачите и студентите ќе може да развиваат напредни решенија за предизвиците на одржливоста придонесувајќи кон обликување на патот на земјата кон одржлив развој.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Билјана Ангелова, нагласи дека универзитетите играат клучна улога во градењето одржливи и инклузивни општества.

– Извонредноста кај младите не опфаќа само академски постигнувања, туку и етичка одговорност, критичко размислување и активен придонес во заедницата. Преку Центарот за одржлив развој и неговата активна улога во универзитетската коалиција SustainED, Универзитетот ја институционализира својата посветеност кон целите за одржлив развој – рече Ангелова.

Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески, истакна дека поттикнувањето на извонредноста кај младите е стратешки приоритет на Факултетот и клучен придонес во постигнувањето на целите за одржлив развој. Тој нагласи дека соработката со Обединетите нации се темели на заеднички вредности – достоинство, еднаквост и одржлив развој.

– Веруваме дека SustainED ќе го трансформира академскиот екосистем од изолирани активности кон консолидиран и засилен напор на универзитетите – истражувачи и студенти заедно – за развој на земјата кон одржливост – изјави Рита Колумбија, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.

Со обединување на универзитетите, тимот на ОН во земјата, државните институции и студентите во една координирана рамка, SustainED ја трансформира постојната соработка во мерлив, стратешки национален придонес кон одржливиот развој.

За да се обезбеди отчетност и мерливи резултати, коалицијата ќе воспостави академска SDG-платформа, која ќе мапира истражувања, наставни активности, студентски ангажмани и заеднички иницијативи поврзани со SDGs на универзитетите членки овозможувајќи структуриран мониторинг на напредокот, видливост на академските придонеси и дијалог заснован на докази со Владата и системот на ОН.