Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Друштвото на филмските работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Друштвото на филмските работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, којa остави неизбришлива трага во македонската кинематографија. Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера.

Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од темелниците на познатата „Скопска анимирана школа“ во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“ и со децении го ткаеше својот талент во визуелната меморија на генерациите. Соработувајќи со најголемите авторски и режисерски имиња, таа вдахна живот во повеќе од 20 анимирани остварувања носејќи автентичност, прецизност и уметничка длабочина во секој кадар. Во својот децениски творечки опус таа остави неизбришлив творечки печат соработувајќи како аниматор, фазер и цртач на повеќе култни анимирани остварувања, со што суштински го трасира патот и го подигна уметничкиот стандард на македонската анимација.

За својот извонреден професионален ангажман, исклучителниот придонес и лојалноста кон филмската уметност ДФРМ ја одликува Митровска со престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година, а нејзиниот животен опус беше крунисан и со признанието „Златен објектив“ (2023) доделено од Кинотеката на Македонија. 

Реклама

Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец, чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија.