Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност

Низа пропусти во законот за угостителска дејност утврди Антикорупциската комисија, по трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Низа пропусти во законот за угостителска дејност утврди Антикорупциската комисија, по трагедијата во Кочани. Комисијата самоиницијативно ги проверила, покрај тој за угостителска дејсност, и законите за  инсепкциски надзор и за заштита и спасување. Итно ги повика надлежните да направат ревизија и измени на правната регулатива. Според нив, неопходно е прецизирање на законските членови со кои се уредува издавањето лиценци за угостителските објекти, бидејќи според антикорупционерите има недоречености, нејасни правила, судир меѓу законите и недозволени дискрециони овластувања.

  • „Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението“- истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која ги образложи резултатите од анализата на Законот.

И кај казните има недоречености. Според Антикорупциска, висината на глобите не е сразменарна со тежината на можните последици, особено во однос на заштитата на живтот, здравјето и безбедноста на луѓето.

  • „Ова создава правна колизија и води кон правна несигурност во постапувањето на инспекторите и остава простор за различна, призволна примена на инспекциските овластувања. И во делот на прекршочните одредби е утврден регулаторен ризик. Висината на глобите не е сразмерна со тежината на можните последици особено кога прекршувањата се однесуваат на заштитата на животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци“- истакна претседателката на ДКСК.  

Ваквите слабости создаваат простор за корупција, злоупотреба на дискрециски овластувања и нееднакво постапување кон различни субјекти во идентични или слични ситиации, сметаат антикорупционерите.

https://youtu.be/Q_vYo7oRHbc