Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

По пауза од шест години почна вештачкото порибување на Охридското Езеро

Иако државата е должна да го збогатува рибниот фонд, порибувајќи го Охридското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако државата е должна да го збогатува рибниот фонд, порибувајќи го Охридското езеро со пастрмка,шест години по ред не се вршеше вештачко порибивање со овој ендемичен вид кој е пред исчезнување.Годинава после долг низ години министерството за земјоделство обезбеди сретства за спроведување на оваа активност.

 „Претпоставувам дека минатата власт немаше сенс за националното богатство,можеби имаа некои други приоритети, жалам што тоа не се случувало изминатите години што практично донесе да се доуништи или да се истреби овој вид на риба кој што е за нас како држава многу важно”- вели Цветан Трипуновски-министер за земјоделство

Се’ до 2018-та,Охридско се порибиваше со повеќе од 2 милиони примероци на пастрмка,сега Хидробиолошкиот Завод од Охрид и Институтот за сточарство од Скопје имаат обврска за обезбедат 1 милион и 50.000 зрна икра,со тенденција наредните години да продолжи со значително поголем број на единки.Од Хидробиолшкиот Завод чија основа дејност е порибување на езерото, а се спроведуваше 90 години откога постои научната установа,велат паузата од 6 години нанесе несогледливи последици.Причината меѓудругото лежи во административни и технички проблеми кои го имале

Реклама

„Доколку продолжеше овој тек на неисполнување на нашата активност,односно порибување и вештачки мрест на охридската пастрмка,секако дека загрижувачка би била состојбата и во моментот е загрижувачка”-вели Орхидеја Тасеска-директор на Хидробиолшки завод

Во меѓувреме  тече постапаката за издавање на Охридско под концесија,наместо еден со езерото ќе стопанисуваат 7 здуженија.Министерот кажа какви мерки ќе се превземат за нема злупотреби од страна на концесионерите.

„Зголемување на капацитетот на инспекторите во земјоделскиот инспекторат што ќе биде прв сигнал дека навистина сакаме да го враќаме редот на користење на рибите од Охридското езеро.Во текот на наредните месеци се размислува и да се зголеми техничката опременост на овие инспектори, се со цел да се елиминираат злупотреби во овој дел”-вели Трипуновски

Изминава година биле запленети 709 мрежи во вкупна должина од околу 47 километри.