Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

По Минхен, дипломатската активност на премиерот Мицкоски продолжува во Вашингтон

По Минхен, Германија, владината дипломатска активност треба да продолжи кон Соединетите Американски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Минхен, Германија, владината дипломатска активност треба да продолжи кон Соединетите Американски Држави. Како што најавија од Владата, премиерот Христијан Мицкоски ќе патува за Вашингтон, каде треба да присуствува на најголемиот политички собир на конзервативците – организиран од Американската конзервативна партија.

Значаен политички собир на кој според најавите Мицкоски треба да има и свое обраќање. Целта на дипломатските активности на премиерот Мицкоски е да ја интензивираат стратегијата на Македонија за стабилност, пристапување кон ЕУ, но и зајакнување на одностите со стратегиските партнери САД кои ја поддржуваат земјата на патот до Европското семејство.

Мицкоски во Минхен нагласи дека Македонија има стратегиска цел да стане членка на Европската унија, но на отворена сцена предупреди дека на овој пат земјата е соочена со блокади кои немаат ништо заедничко со европските вредности… Шефот на македонската Влада вели дека патот кон полноправно членство стана – подвижна цел, затоа што земјата постојано е жртва на билатерални спорови, кои немаат ништо заедничко со европските вредности… Мицкоски праша, и колку долго Македонија треба да страда, поради двојните стандарди.