Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

По мега-скандалот со закани кон новинар: Костадинов се повлекува од СДСМ

Не актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, туку кандидат на СДСМ за Струмица ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не актуелниот градоначалник Костадин Костадинов, туку кандидат на СДСМ за Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација на партијата. Филипче објавувајќи ги имињата на кандидатите како да го призна поразот.

Овој потег на Костадинов следи откако само пред неколку дена упати закани кон новинарот Драган Павловиќ Латас.

„Ти ветувам: Ова ќе го носиш на врат цел живот. И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си. И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо – бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата. Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности. Од Малешевијата до Струмица – кај нас кога ќе ја чепнеш честа на мртов, правдата не се моли. Се зема. Ова што го направи ќе го носиш како клетва.

Реклама

Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш.

Мојот татко беше човек што го сакаше цел град. Ти не си ни половина од човек да му го спомнеш името. А сега ќе станеш легенда – ама не како новинар, туку како непријател. Како обележан. Како оној што удри по гроб – и го разбуди живиот. Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав. Ова нема да помине. Ова ќе ти се врати. Не како текст – туку како живот. И нема крај додека ние не кажеме дека е завршено. Клетвата си ја заработи. Осветата ќе си ја добиеш. Секој што ќе го носи моето име – ќе знае што направи ти. А и ти ќе знаеш: го направи на погрешни луѓе“, пишува во својата објава до Латас Костадинов.

Денеска, по веста дека Филипче не го стави на листата за градоначалници, објави дека членството во СДСМ му е замрзнато поради ова раководство.

Во продолжение објавата на актуелниот градоначалник на Струмица:

„Драги струмичани и струмичанки,
Мои пријатели, соседи, роднини,соработници
Мои сограѓани со кои ги делам деновите, улиците, битките и соништата…
Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега.
Ова не е крај.
Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце.
Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори.
Не затоа што бев најгласниот. Не затоа што бев најсилно партиски поддржан.
Туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене: работа, доследност и љубов кон градот.
Јас не сум случаен градоначалник. Јас сум дете на оваа земја, на оваа улица, на овој пазар.
Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека – ги градев како да ги правам за моето семејство.
Затоа не победував јас – победуваше Струмица.
Но денес стојам пред вас и ви кажувам нешто што ретко кој политичар ќе го признае:
Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена.
Не затоа што се плашам од пораз.
Јас не знам што значи да изгубиш избори.
Туку затоа што нема вистинска понуда за градот.
Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик.“

Објавата можете да ја прочитате на следниот линк: