Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

По извештајот на ДЗР, директорката на ИЈЗ со надеж дека ЈО ќе реагира за неправилностите во Институтот

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. – И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.

– И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска.

Кога дошла на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за нив.

Реклама

– Некои од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари – посочи Андоновска.

Некои лица биле примени на работа без административен испит, а исто така констатирале и неправилни унапредување и исплаќање додатоци. Несоодветен начин имало за наградување на вработените, се набавувала непотребна медицинска опрема. Се набавувале апарати што веќе ги имаат наместо нешто што недостига. Фармацевтски техничар извршувал услуги на медицинска сестра или лаборант, со што во прашање биле ставени здравствените услуги.

Андоновска информира дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекарница, нешто што, посочи таа, било спротивно на законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план. 

На новинарско прашање Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа, како, на пример, чистење двор.

Андоновска сепак истакна дека некои од вработените во Институтот за јавно здравје си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелира сите вработени да не се ставаат во ист кош.

Таа увери дека повеќето од работите што се случувале во Институтот сега се надминати.