Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

По четири децении, државното електромашинско училиште во Штип целосно ќе се реконструира

По повеќе од четири децении, државното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од четири децении, државното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип целосно ќе се реконструира. Со проектот е предвидена нова енергетски ефикасна фасада, обновени училници и современи кабинети. Во тек е подготовката на документацијата, по што ќе биде позната и вредноста на инвестицијата. Реновирањето ќе се реализира етапно и нема да влијае врз наставниот процес.

„Во тек е подготовка на проектната документација за целосна реконструкција на училиштето. Откако ќе биде завршена, ќе почне постапката за реновирање на училишните кабинети, набавка на опрема, нова фасада и слично“, изјави Јованка Шалева, директорка на ДСУ „Коле Нехтенин“ – Штип.

По целосната реконструкција на училиштето, предвидено е отворање и на нови образовни профили, усогласени со потребите на пазарот на трудот. Според градоначалникот, на штипските компании им е потребен млад и квалификуван стручен кадар.

Реклама

„Она што е наша тенденција е во рамки на сите средни училишта да има можност за еден вид дуално образование, со кое полесно ќе ги вклучиме сите ученици и полесно ќе се адаптираат на пазарот на трудот. Веќе кога ќе го завршат процесот на образование да имаат познавање од реалниот сектор“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во петте средни училишта во Штип, во септември во прва година треба да се запишат над 500 ученици.