Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

По 8. пат „Графити фест“ во Куманово

Здружението „Форма“ од Куманово ги привршува подготовките за годинашното издание на Графити…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Форма“ од Куманово ги привршува подготовките за годинашното издание на Графити фест, кое ќе понуди богата програма со улична уметност, музика и едукација, соопштија на денешната прес-конференција организаторите.

-Го привршуваме подготовките, се тече во најдобар ред. Оваа година очекуваме осум до девет артисти за графити и петмина за изработка на мурали. Од 5 мај започнуваме со изработка на мурали на неколку локации – на улицата „Егејска Македонија“, на булеварот „Октомвриска револуција“ и кај месната заедница „Мултикулти“, а главниот настан е на 9 мај-  изјави Дејвид Стоилковски од здружението.

Тој посочи дека годинава фестивалот ќе обедини учесници од повеќе балкански земји, како и уметници од Турција, Данска и други европски држави, со што се проширува меѓународниот карактер на настанот. Организаторите информираат дека фестивалот се реализира без институционална поддршка, потпирајќи се на донации и поддршка од локални компании и пријатели на уметноста.

Реклама

-Секоја година воведуваме новитети, а ова издание е осмо по ред и едно од најразличните досега. Посебен акцент ставаме на едукацијата – ќе имаме работилница со професор и уметник од Копенхаген, која ќе се одржи во средното економско училиште „Перо Наков“, наменета за ученици од графички дизајн- изјави Младен Трендевски од „Форма“.

Во рамки на фестивалот, покрај исцртувањето графити, ќе има музичка програма, штандови за храна и пијалаци, како и активности и работилници за најмладите посетители. Организаторите оценуваат дека Графити фест претставува значаен културен настан кој придонесува за разубавување на урбаниот простор и за промоција на уличната уметност во Куманово и пошироко.

Изминатиов период беа исцртани површини на булеварот „Октомвриска револуција“ на неколку локации, помеѓу училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, наслеба „Гоце Делчев“ скоро цело градско подрачје во Куманво, во повеќе урбани заедници. Уметниците исцртаа мурали посветени на Блаже Конески, Христијан Тодоровски Карпош,  на Гоце Делчев, на хероите од „Диво Насеље“, на Бобан Трајковски.