Припадниците на Командата за операции на Армијата ќе го одбележат Денот на единицата со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

