Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Бизнис

Платите ќе растат, ама не за функционерите: ВМРО- ДПМНЕ  поднесе предлог со кои менуваат коефициентите за пресметка

Нема да растат фунцкионерските плати.  Пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе закони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да растат фунцкионерските плати.  Пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ поднесе закони во собранието со кој ќе се намалат коефициентите на сложеност врз основа на што се пресметуваат платите, што автоматски ќе значи да нема ново покачување од уште околу 400 тини евра на примањата на  премиерот, судиите, членовите на судски совет, совет на јавни  обвинителите, пратениците и градоначалниците. Фзунцкионерите воопшто нема да добијат покачување на плата во 2025 та со јануарската плата.  Наспроти ова пак, Владата ќе стори се за догодина да има покачување на сите останати вработени во Македонија.

Ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите, тоа го кажавме. И тоа го правиме, правиме измена на законското решение со коешто нема да има покачување на функционерските плати. И оваа измена на Законот ќе биде пред пратениците наскоро. Така што ќе се бориме да сите вработени во државата добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите. Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е исправен, иако постои дебата, вели Мицкоски.

Енормното покачување на платите на функционерите  од дури 78 отсто се случи откако Уставен го укина замрзнувањето на коефициентите. Тогашната власт се правдаше дека таков бил законот и неможат да одат против Уставот. СДСМ дури пред крај на мандатот се обиде да купи поени со тоа што поднесе предлог за намалување на коефициентите .

Реклама

Според законот кој е во собраниска процедура, највисокиот коефициент 3.92 се намалува на 3.17, 3,22 ќе биде редуциран на 2,85. Понатаму, коефициентот 2,96 ќе биде заменет со 2,62, а најнискиот коефициент од 2,79 ќе биде намален на 2,47,

Инаку според закон платите на избраните и именувани лица се пресметуваат на начин што основицата за пресметување на платите се множи со утврдениот коефициент, при што за основица се зема просечната исплатена месечна плата по вработен во државата за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.