Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење

Во Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. На настанот се обратија Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“, заедно со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а свое обраќање имаше и Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ, информира вечерва ВМРО-ДПМНЕ.

Семинарот е наменет за членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, министри и заменици министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Во фокусот се стратешкото лидерство, визијата и одговорноста, ефективната јавна и политичка комуникација, како и соработката и заедничката одговорност во процесите на добро владеење.

Од Фондацијата Конрад Аденауер порачаа дека во услови на современи политички и општествени предизвици, од особено значење е политичките лидери континуирано да стекнуваат нови знаења, да ги следат актуелните дебати и да бидат во тек со релевантните теми, без оглед на тоа колку долго се наоѓаат на раководни позиции.

Реклама

Токму континуираното надградување и размената на искуства, како што истакнаа од Аденауер, се важен дел од нивната соработка, како во Германија, така и во земјите во кои истите дејствуваат. Во партнерство со политичките партии и организации,оваа фондација  работи на препознавање и надминување на новите предизвици, како и на отворање и продлабочување на дискусиите за актуелни и значајни прашања.

Присуството на Драган Ковачки и Светислав Васев од Фондацијата Конрад Аденауер го оценија како потврда за постоењето подготвеност и интерес од страна на партијата за активно соочување со современите предизвици и за посветеност на темите од значење за општеството.

Од Фондацијата Конрад Аденауер изразија задоволство што и понатаму продолжува долгогодишното партнерство и соработка со нивните партнери во земјата, и посочија дека заедничката размена на искуства и идеи може да придонесе кон креирање успешни политики и кон градење подобра иднина за државата.