Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Петрушевски: Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово

Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Голема поддршка во овие активности […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој веднаш одговори на барањето за помош и стави на располагање тешка механизација што активно работи на терен.

Благодарение на оваа навремена интервенција, процесот на санација се одвива значително поефикасно. Во тек е расчистување на депонијата и нанесување нови слоеви земја, со цел да се намали ризикот од самозапалување на подземните гасови и појава на пожари.

Реклама

Паралелно со тековните мерки, се работи и на трајно решавање на проблемот преку изградба на регионална фабрика за преработка на отпад за Североисточниот и Источниот регион и трансформација на постојните депонии во трансфер-станици за комунален отпад.

Со заедничка работа и координација меѓу институциите, се преземаат конкретни чекори за надминување на проблемот и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за граѓаните.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: