Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Петрушевски: СДСМ за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

СДСM за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат. За кандидат за градоначалник за Јегуновце СДСM го кандидира Дарко Блажевски, поранешен градоначалник, кој граѓаните не го паметат по ниту еден проект, но го паметат по тоа дека беше успешен бизнисмен од позиција на избрана функција, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Блажевски можеби не го реализира ветувањето да направи нов културен дом, но затоа успеа да го купи стариот за себе.

Блажевски како градоначалник не направи ниту водовод во Жилче, ниту канализација во Јанчиште. Блажевски беше дотолку неспособен што затвори и јавно претпријатие.

Реклама

Доколку работеше ЈО и правосудните инстанци, Блажевски очигледно требаше да биде на суд, наместо во изборна трка.

Од друга страна во општина Сопиште, СДСM кандидира целосно непозната личност.

СДСM за Сопиште го кандидира извесен Ѕвонко Васев, кој децении не живее во општината.

Очигледно во СДСM им било полесно да убедат некого да се кандидира за градоначалник на Сопиште, кој нема да треба да се врати по поразот во првиот круг и да живее во општината, затоа што поразот ќе му биде катастрофален, со 5 :1.

Кога ги гледаме кандидатите за градоначалници на СДСM ни станува јасно во колку тешка позиција се и дека очигледно и самите сфаќаат дека бројот на општини кои можеби можат да ги добијат ќе се движи меѓу 1 и 2“, потенцира Петрушевски.