Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДСМ биле најважен критериум за апликантите за добивање на лиценца за медицински канабис.

Не можел кој било да извади таква лиценца, затоа што тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче, затоа и во струмичкиот регион во Македонија има најмногу фабрики за марихуана за медицински цели, изјави  Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конфренција.

За да им тече бизнисот и да ги вртат милионите, Заев и Филипче во 2020 година планираа целосно легализирање на марихуаната и со тоа сакаа Македонија да ја прават светска туристичка атракција. За среќа на граѓаните, овој обид не им успеа, а сега гледаме и која им била целта.

Реклама

Дека ова било планирано во главите на Заев и Филипче, се гледа во подзаконскиот акт, односно Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во времето на власт на СДСМ, кој е во колизија со законот, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите.

Со ова, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото кое се произведува не може да биде лиценцирано, а најмалку да се најде во промет.

Ги прашуваме Заев и Филипче, кој бил мотивот за ова? Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Затоа ли Заев и Филипче овие денови се толку испаничени? Затоа ли Заев излезе да го брани неодбранливото, додека во тоа време Филипче се упати кон Грција да се види со него? И дали Заев и Филипче стојат позади промената на Правилникот?

Сите сомнежи и индиции за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче. ЈО ова да го истражи до крај, еднаш правда и одговорност за ова криминално дуо, мора да има!