Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските пратеници се популистички и дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ.

„Многу популистички амандмани кои што многу добро знаат дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ, дека не знам некој друг ги правел буџетите. А, од друга страна истите имаат дваесетина буџети кои што ги правеле во изминатиот период. И јас би сакал да прашам било кој претставник од ДУИ да ми каже, во кој од тие дваесет буџети кога ги правеле земале во предвид учество на опозиција и во делот на албанската опозиција и во делот на ВМРО-ДПМНЕ кој што биле опозиција и колку наши предлози во тие периоди биле прифаќани и покажувале. Каков демократски капацитет како што сега од опозиција на опозиција многу добро го прават тоа“, рече Петрушевски.

Тој посочи дека Општина Липково од тековниот буџет за 2024 година имало добиено 55 милиони денари за три проекти.

Реклама

„Меѓутоа фактите и бројките се немилосрдни, Општина Липково само за овој буџет тековен 2024 година има добиено пари од 55 милиони денари за три проекти. Едниот е регулација на речното корито во делот на Оризари, има за локален пат така што не може да се настапува од перспектива дека граѓаните на Липково не добиле ништо. Напротив, добиле многу и тоа не се проекти за коешто одлучило владејачкото мнозинство или пратениците туку напротив тоа се проекти за кои што аплицирал градоначалникот на општина Липково кој што за среќа или несреќа на липковчани е од ДУИ“, истакна Петрушевски.

Петрушевски демантираше дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ, бидејќи Општина Липково имало добиено средства многу повеќе за разлика од другите општини.

„Така што, тезата дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ не држи вода. Затоа што во тековниот буџет Општина Липково има добиено 55 милиони денари за 3 проекти. Многу повеќе од некои други општини кој што добиле помалку средства за разлика од Липково, што е добро и за поздравување, бидејќи доаѓам од изборна едница 2“, посочи Петрушевски