Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Петрушевски: Ни треба модерно решение за правична застапеност што ќе одговара на европски стандарди

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на правична застапеност во земјава, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Тоа е барање на опозицијата. Тие излегоа на самиот Комитет со свое барање, начинот на како ќе се гласа, со каков бадентер овој закон. Претседателот на комисијата тоа барање им го удоволи и мислам дека е добро. Не треба да бегаме од дебата. Собранието е домот на демократијата и не треба да се преземаат мерки кои што ќе значат ограничување на дебатата, дури и тоа да не било пракса“, вели Петрушевски.

Тој посочи дека во минатото постоеле примери кога се избегнувале дебати за општествени проблеми. Според него, дебатата во Комитетот за односи меѓу заедниците се претворила во дневнополитичка полемика, со дневнополитички фолклор и не била суштинска, а како што вели тој, на ВМРО-ДПМНЕ му е важно да се исполни намената за која што се носи еден закон.

Реклама

,,Да имаме правична застапеност во Македонија. Тоа е суштината на носење на овој закон. Дневниот политички фолклор имаат можност партиите да го водат и преку прес-конференциите од своите штабови. Не слушнав конкретен предлог, со којшто би се подобрил текстот на законското решение, коешто исто така се носи во еден инклузивен процес, за кое што исто така имаме добиено позитивно мислење. Се надевам и сум убеден дека ова законско решение ќе биде подобро, од она коешто го имавме претходно, а тоа е дека ние немавме претходно законско решение“, истакнува Петрушевски.

Тој потенцираше дека претходно постоела само алатка, за која сегашната опозиција, на 23 јуни 2023 година, на седница на влада, како што вели тој, побарала да биде тргната, затоа што го изминала времето и не била ефикасна.

,,Тоа законско решение, односно не е ни закон туку некаква алатка, е измината како  ефектива. Ни треба нешто ново, коешто ќе биде модерно, ќе рефлектира она кое што ние сакаме да бидеме, а тоа е европска држава и ќе го исполни уставното начело на правична застапеност во Република Макеоднија“, заврши Петрушевски.