Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСM, соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСM, соработник на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДСM и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана количина. Дополнително, утринава од струмичката фирма биле изнесени 21 тон дрога!

Да го погледнеме видеото од денешното запленување на илегална материја дрога.

Реклама

Имено, станува збор за фирма која добива одобрение од владата на Зоран Заев и Венко Филипче, за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година. 

Патем, уште во 2020 година, укажувавме дека лиценците за одгледување на марихуана за медицински цели, се добиваат исклучиво по блискоста со СДСM, односно во тоа време со  Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче додели лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев погоре споменатиот.  

По овие сомнежи и индиции за поврзаност на СДСM, Заев и Филипче, бараме ЈО да го истражи случајот, и бараме одговори за случајот со запленетата дрога, дали има вмешаност од страна на Заеви? Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај? Каква е улогата на Вице Заев во овој случај? Колкава сума од овој случај сакал да заработи Зоран Заев?

Почитувани, 

Струмичкиот нарко картел се однесувал како во времето на Пабло Ескобар во Колумбија. Но и на тој нарко картел му дошол крајот, така ќе му дојде крајот и на овој таканаречен нарко картел во струмичко. 

Вистината излегува на виделина!

Петрушевски: Обвинувањата на СДСM за новиот состав на Извршниот комитет се класичен пример на панична пропаганда

Прашање: Ваш став за обвинувањата од СДСM дека Мицкоски си ги поставил најблиските во ИК за апсолутно да владее со паријата? 

Одговор: Обвинувањата на СДСM се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи.

Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил „одбиен од НАТО“ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија.

Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

Лагите нема да ја покријат вистината.