Реклама
Македонија

Петрушевски: Дали Тренчевска и СДСМ го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат на обвинителната клупа

артнерството на СДСМ со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

артнерството на СДСМ со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конферецнија.

Имено, потпретседателката на СДСМ и поранешна министерка, Јованка Тренческа, во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат. Еве ја целосната изјава.

Почитувани. Дали потпретседателката на СДСМ го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра? Или, пак, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седнат на обвинителна клупа заедно со Артан Груби? Дали затоа нервозата во СДСМ и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од она што дополнително има да каже Груби?

Реклама

СДСМ и ДУИ во паника и страв сменија 10 тези откако Груби беше уапсен. Како тргнале, до крајот ќе си признаат сè.

Петрушевски: Обвинителите управувани од СДСМ и ДУИ, наместо за реформи, се борат за плати, а довербата во правосудството е 2 %

Прашање: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека обвинителите бараат да не им се чепка во платите?

Одговор: Она што долго време го говориме на темава дека оттаму доаѓаат барања за промени само во делот на финансиите, добиваме и потврда. И наместо да земат и да работат на зголемување на онаа 2 % доверба од граѓаните, тие исклучиво мислат само на плати. Но, ќе повторам, се работи за мала група на луѓе што се под контрола на СДСМ и ДУИ, инаку и таму има многу чесни луѓе, кои, за жал, не може да дојдат до израз од овие.