Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Петрушевски: 110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито

Почитувани, 110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДСM, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, 110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДСM, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти.

18 милионскиот тендер за хигиена наменет за блиска фирма на Џемо, Богац го овозможил. Но, прашањето коешто треба да го одговори Богоев е колку пари требал да добие како награда за завршената работа? Дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари? Дополнително, дали е точна информацијата добиена од свиркачи дека ова не е последниот наместен тендер во Царина под раководство на Богоев?

Реклама

Децата на СДСM си го покажаа вистинското лице. Иднината на Заев го падна првиот тест. Со вакви кадри СДСM треба да се распушти, а не да води политики.

Одговорност за криминалите на СДСM мора да има.