Реклама
Македонија

Петгодишно дете во гостиварско Чегране ги испило апчињата на својата баба и заврши на Детската клиника

Петгодишно дете во гостиварско Чегране ги испило апчињата на својата баба и заврши на Детската клиника. Петгодишно дете од гостиварското село Чегране заврши на Детската клиника во Скопје откако ги испило апчињата на својата баба. Според лекарите, станува збор за лекот трамадол, силен аналгетик, а засега не е познато колку таблети проголтало детето. По драматичниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петгодишно дете во гостиварско Чегране ги испило апчињата на својата баба и заврши на Детската клиника.

Петгодишно дете од гостиварското село Чегране заврши на Детската клиника во Скопје откако ги испило апчињата на својата баба. Според лекарите, станува збор за лекот трамадол, силен аналгетик, а засега не е познато колку таблети проголтало детето.

По драматичниот настан што се случил вчера, малолетникот итно бил пренесен во болница. Неговата здравствена состојба во моментов е стабилна, но останува хоспитализиран најмалку до петок. Во тек се токсиколошки анализи кои треба да покажат колкава количина од лекот навлегла во неговиот организам.

Реклама

Од СВР Тетово велат дека детето било оставено под грижа на бабата и дедото, додека мајката била на работа, а лековите му биле оставени на дофат.

„Мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа. Поради невнимание, детето дошло во допир со таблети кои биле оставени на лесно достапно место од страна на неговата баба и ги голтнало, по што се појавиле здравствени компликации“, информираат од СВР Тетово.

Инаку, трамадол е лек што се користи против умерена до силна болка, но носи и ризик од зависност. Лекарите велат дека медикаментот се издава на лекарски рецепт и делува врз централниот нервен систем. Неговата неправилна употреба може да предизвика зависност, поспаност, вртоглавица и сериозни здравствени последици.