Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пет награди за македонските ученици на Медитеранскиот СТЕМАТЛОН натпревар во Атина

Со пет награди во пет различни категории, македонските ученици се враќаат од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пет награди во пет различни категории, македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМАТЛОН натпревар што денеска се одржа во Атина, а имаа задача да наоѓаат решенија за проблем од секојдневието, на тема „Кога луѓето би биле единствената вештачка интелигенција.

На натпреварот учествуваа над 400 тимови од осум земји, меѓу кои и нашата и домаќинот Грција, а по неколкучасовниот натпревар, односно презентација на решенијата за конкретната проблематика и оцените од судиите, попладнево беа прогласени најдобрите.

Македонија ја претставуваа 23 ученици од СТЕМ Академијата и беа поделени во пет тим, а сите од тимовите доби по една награда.

Реклама
Решенија на проблем од секојдневието, со задача да направат ретроспектива за тоа како се решавал во минатото, како го решаваме денес и како вештачката интелигенција би помогнала да се реши, е

Очекувањата и на учениците, но и нивниот тренер-едукатор Љубчо Јованов, се исполнија, со оглед на тоа што претходно изразија надеж дека ќе се вратат со награди, бидејќи беа задоволни од сработеното.

Јованов посочи дека за да одговорат на поставеното прашање со проектите опфатиле сектори од живеењето, започнувајќи од транспортот, одгледување на овошје и зеленчук, храна, заштита од природни непогоди, заштита на значајни објекти.

Натпреварот утрово беше свечено отворен, сите држави има претставување со песна од нивната земја, а македонските ученици ја избраа „Ангел си ти“ од Тоше Проески.